Archive for the 'образование' Category

01 декДокоторски студии..и нешто околу

Зошто Докторските студии се толку скапи? За да се ограничат оние кои се амбициозни а немаат пари…а на докторски ќе одат оние кои имаат пари…а кој имаат пари? Тие што добро би живееле и без тие докторски студии. Ајде сега ве молам…студент..амбициозен од провинција..којшто незнам под кои се услови…сито и решето…дошол во ситуација да биде демонстратор..асистент…едвај преживувајќи во Скопје..Како Тој ќе си овозможи Докторски студии? Кога ќе напредува? Зарем мора дополнително тутун да сади,а не професионално да се усовршува?! Како некој ќе се изгради во доволно квалитетен професор,предавач…експерт!? Зарем не е подобро…строго да се ограничи и селектира кој ќе оди на докторски студии,па нека има и приватна квота…. Каде се..студенските организации? Хм..генетски сме мирољубив народ..мирен…различен од сите соседи…Но во исто време да се биде Мирен и не е некој квалитет! во ова опкружување и услови секако..па ќе ќутиме и за ова..како и за мн. други и побитни работи.
Кога сум веќе тука.. Ем се собираат потписи со кои сами себеси се убедуваме дека сме македонци и зборуваме македонски јазик..а во исто време..сакаме да ја укиниме односно паузираме студирањето на Македонскиот јазик! ха ха ха… која безмислица…која мучкалица…која простотија… отварајќи факултети..во кои фали кадар,асистенти..професори..стимулираме создавање неквалитетен кадар….сите студираат! ајде де…сите ли се така паметни…па кој ќе биде…бербер,механичар..молер…електричар…паркет да реди…плочки..надгробни плочи изработува..тутун да сади…пиперки… Едноставно овде има еснаф кој треба да се создава и негува..80% студенти..алоооо! Финансиски сум заглавен на постдипломскиве…хм…ќе одам на занает..во тоа е иднината..хм… пица мајстор(ако знае некој каде може да научам,информации во инбокс..молам ))))..ќе одев на некој од курсевити во агенција за вработување…но неможам..ме избришале од невработените..ненавремено пријавување..јебига…бев малку по светот..да се прехранам… јебига… Но.зарем не е срамота 2 милиони во една европска држава да неможе да преживее?! недомаќинлук..е наша колективна одлика…