Зошто Докторските студии се толку скапи? За да се ограничат оние кои се амбициозни а немаат пари…а на докторски ќе одат оние кои имаат пари…а кој имаат пари? Тие што добро би живееле и без тие докторски студии. Ајде сега ве молам…студент..амбициозен од провинција..којшто незнам под кои се услови…сито и решето…дошол во ситуација да биде демонстратор..асистент…едвај преживувајќи во Скопје..Како Тој ќе си овозможи Докторски студии? Кога ќе напредува? Зарем мора дополнително тутун да сади,а не професионално да се усовршува?! Како некој ќе се изгради во доволно квалитетен професор,предавач…експерт!? Зарем не е подобро…строго да се ограничи и селектира кој ќе оди на докторски студии,па нека има и приватна квота…. Каде се..студенските организации? Хм..генетски сме мирољубив народ..мирен…различен од сите соседи…Но во исто време да се биде Мирен и не е некој квалитет! во ова опкружување и услови секако..па ќе ќутиме и за ова..како и за мн. други и побитни работи.
Кога сум веќе тука.. Ем се собираат потписи со кои сами себеси се убедуваме дека сме македонци и зборуваме македонски јазик..а во исто време..сакаме да ја укиниме односно паузираме студирањето на Македонскиот јазик! ха ха ха… која безмислица…која мучкалица…која простотија… отварајќи факултети..во кои фали кадар,асистенти..професори..стимулираме создавање неквалитетен кадар….сите студираат! ајде де…сите ли се така паметни…па кој ќе биде…бербер,механичар..молер…електричар…паркет да реди…плочки..надгробни плочи изработува..тутун да сади…пиперки… Едноставно овде има еснаф кој треба да се создава и негува..80% студенти..алоооо! Финансиски сум заглавен на постдипломскиве…хм…ќе одам на занает..во тоа е иднината..хм… пица мајстор(ако знае некој каде може да научам,информации во инбокс..молам ))))..ќе одев на некој од курсевити во агенција за вработување…но неможам..ме избришале од невработените..ненавремено пријавување..јебига…бев малку по светот..да се прехранам… јебига… Но.зарем не е срамота 2 милиони во една европска држава да неможе да преживее?! недомаќинлук..е наша колективна одлика…
Archive for the 'лично' Category
01 декДокоторски студии..и нешто околу
01 декЗа една Ивана…
Za jednu Ivanu..kojoj sam srce dao…koju u srcu nosim…po koju se radujem..po koju tugujem…po koju ceznem…po koju nadam se…po kojoj se probudim..po kojoj zaspim…. Moje oci se nemogu zasititi gledat Ivanu…moje ruke se nemoze zasitit dragati je….moje se usne nemogu zasititi ljubiti je….Moja masta je suvisna mastati je….Moje su rjeci premale opisati je…. Moja mila Ivana…

03 ноеРоденден…
Да,драги мои..денес ми е 28 роденден..отприлика за 20 мин. т.е во 19.30 ч. таман пред вестите на МТВ … Биланс во споредба со лани..хм…. незадоволителен…нити решив нешто посериозно во мојот живот,не заработувам повеќе од лани..не сум посреќен од лани…не сум во стабилна врска… единствено повеќе пијам…дури и сум горд на количината која можам да ја попијам…. Да се најде сила..иницијатива..да се тргне смело напред…да се лупни на маса… али слаб сум драги мои… иницијатива да…издржливост не… Како и лани…по традиција..ке се напрам камен пијан! гушејќи ја својата тага..која ја носам со себе…
31 јулseuste ja sakam
..Сеуште ја сакам и неможам да си помогнам..силен сум се додека не ја видам..се додека не ми заврти лице..или направи гримаса вртејќи ја главата… сеусште ја сакам иако не ми верува дека воопшто некогаш сум ја сакал..извлекува само она што било лошо во нашата врска..ме мрази,ме прекорува..несака да ме види..а јас ја сакам…мозокот ми работи поинаку али срцето не..проклето тешко…бројам денови до кога морам да бидам овде..гледајќи ја со нови лик,лик кој се моташе околу неа секогаш кога ќе начека прилика..подмолен,дрзок…као емотивен…ма кретен..таа знае дека го мразам..среќна ли е сега со друг..повеќе….него со мене..валјда,…во овој момент да..тој е кретен..а таа е како цвеќе покрај него…да,таков звер можеби и пружа одличен секс! и веројатно тој тип одамна се нема испразнето..па верувам во тоа… но тоа не ме боли толку….
Мене ми фали да заспијан покрај неа додека ми спие на гради…додека ми спие држејќи ми ја раката…цврсто.. да ..ми фали нејзината нежност….да и го бакнам рамото…нежното рамо….да првото нешто што наутро го видам бидем таа..ја пробудам со бакнеж..милувајќи ја..а таа е така топла..така драга…да ја примам за рака..ах таа нежна рака….така едноставна…онаа нејзина насмевка….движење….ах..а нежните нозе…..како најдобар бел памук..така добро..така мило…
Се ме потсеќа на неа…секое место…секоја клупа..овој воздух и ова море….ова зајдисонце…оваа цигара која ја држам во рака…овој компјутер….се е толку убаво а толку за мене сега тажно..тажно драги мои…је премал збор да ја изрази мојата тага..мојот копнеж по неа…и неможам да најдам сила..да ја заборавам
…..иако имам прилики..моето е срце ладно….ладно….

27 декСе откажувам……….
Се откажувам..неможам веќе да ти се јавувам,неможам да смислувам како да те изненадам,неможам веќе да ти се правам интересен..кога ти не ми даваш ни чекор да ти пријдам,ни трошка надеж да ми дадеш…малку боја на мојот црно-бел живот…со тешко срце..се откажувам и паѓам на дно.. јебига..дадов се од себе…. 
23 декЖелба
Одненадеш ми дојде она по што најверојатно најмнгу копнеам и сакам во животот…
Сакам да имам драга жена..сопруга..со која ќе имам деца..на кои еден ден ќе му купам мало куче..и да ги гледам среќни додека си играат со него….
Толку…..
Незнам од каде и како ми дојде ова..али ми иди да заплачам..
Копнеам по денот кога ова и ќе го потврдам.
Фала
03 ноеMојот 25-ти роденден!
Па драги мои,еве денес полнам точно 25 години..ух..како тоа време брзо проаѓа.. Денес случајно или не и официјално започнувам со новото работно место и позиција,до сега бев со туторство а од денес почнувам сам! Па ако некој сака да ми го честита роденденот и да ми посака среќа..денес е вистинскиот ден и момент за тоа
А и ќе ми треба среќа во периодов што следува… Многупати ваквите датуму кои се за нас ете така да кажам важни т.е имаат некое посебно значење преставуваат и повод повеќе да се сумира што и како е со нас,до каде сме стигнале, дали сме задоволни, со сопствениот статус, веќе сработеното, наученото..Дали сме среќни т.е задоволни со себе…итн…итн. Па еве и мене денес ме лови тоа чуство,25 години и не се така малку како што се јас осеќам
Ако почнам да образложувам зошто е тоа кај мене,вака или онака..ем ќе давам..ем ке бидам досаден.. Затоа..со 25 години..Јас сум самец,сингл..или без девојка…сеедно
Не сум задоволен со мојот статус,Не сум задоволен од Факултетот што го завршив и од квалификациите кои со него ги добив ( а дипломирав како најдобар во генерацијата!
..) Од цигарите кои никако да ги откажам,Од моите лоши навики…од моето често селење..и помалку уморен од мојата потрага за Моето место под сонцето…..и плус Нашата Евро интеграција..и ла ла ла…
А среќен сум затоа што сум жив и здрав,Среќен што сите мои најблиски се живи и здрави..Среќен сум што не гладувам,што по малку али сигурно напредувам,Среќен сум затоа што имам шанса и можам храбро да се борам и трудам за себеси..Среќен сум што сум наполнил 25 години воопшто..И што животот и светот сепак се убави! И секако…Надежта дека од денес,од утре ќе биде подобро за Мене..подобро за Нас!
А тажен сум затоа што сум релативно далеку од дома и неможам на прав начин да го доживеам т.е одбележам Мојов ден….да не давам…Жалам што денес не сум дома затоа што неможам да се испијанчам со другарите..Не многу!..не ни можам,не ни пијам…али за моја душа да,би сакал… не барам многу а?
28 апрРазделбата помеѓу реалноста и иднината
Да,драги мои..разделбата секогаш тешко ми паѓа вака пред да тргнам на пат..на сите им е тешко па и мене! После неполните два месеци одмор поминат исклучиво дома повторно одам за Пула,Хрватска каде што ете веќе година и нешто живеам и работам.неможам а да не се потсетам на моите почетоци..кога работата што сега ја работам ..ја најдов преку интернет..да,да преку интернет! не,несакам да се фалам дека ете нешто сум ризикувал,успеал или така нешто.Сакам да ја доловам очајноста во која тогаш бев…неколку месеци по дипломирањето..Дипломирав како најдобар студент во генерацијата и после сите помпезности и прогласување се најдов на улица,да да буквално на улица..запалив цигара и се запрашав; И сега што? До тогаш бев студент,амбициозен,жеден за наука..полн со ентузијазам и верба во сопствената иднина и во своите бескрајни можности..А тогаш?..тогаш бев немоќен,изгубен и очаен..градот во кој ги поминав годините во студии и кој ми остави многу убави..топли спомени одеднаш беше ладен,мрачен..неподнослив..ме гушеше метежот и динамиката на неговото функционирање! Мојата ладна студентска соба без разлика колку и да ми беше драга од тој ден беше исполнета со празнина,ишчекување..и бесмисленоста на моето останување таму и понатаму…кога не бев веќе студент..и требаше да си го барам моето место во опшеството,државата…А што стана со моите амбиции,желби,мечти..откривањето на светот? Ништо драги мои..бев страшно осамен…По извесно време раскинав со мојата девојка која заврши медицински факултет и се најде во слична ситуација како и Јас…
Очајот,депресијата и тогашната бесмисленост на самиот Јас..ме натера да се справувам со таа ситуација на кој и да е начин.Не..не се исплашив од реалноста и барањето работа….Се исплашив од бесмисленоста на нашето опшество без норми и ограничувања..опшество тешко..за еден студент којшто излегол во реалноста на ова што ние го имаме! барав,пребарував..конкурирав..Ме отфрлаа и прифаќаа..тоа и не е страшно..Али условите за живот и работа доколку прифатев работа..ќе беа под секаво ниво..ќе немав основни услови да ги платам трошоците на мојот престој таму..а камо ли некаква полза од сето тоа.Нејсе..И така пребарувајќи на интернет..за мене се заинтересира една фирма од Пула која се занимаваше со ова што јас го студирав..Беа воодушевени од успехот и проектите кои до тогаш сум ги реализирал..како во Мкд така и во соработка со истоимениот факултет од Загреб и Сплит.Ми понудија работа..и еден врнежлив ден..се спакував..и директно од мојата студентска соба заминав во непознато незнаејќи ништо за тоа што,кој ме чека таму некаде во Хрватска.Да не споменувам како сето тоа го примија моите родители.Да не должам многу…се помина добро и полека се вклопив во нивниот систем со тековните проблеми што може да ги има еден странец.И конечно мислам дека сум блиску до она што сакам да го работам.Но животот во странство не е онај што јас го слушав од нашите во странство кога се фалеа на условите таму..и се најубаво.Слободата е тоа што во странство фали…не дека некој нешто и некако ме ограничи..али тоа е едно интимно чуство што струи во воздухот и во мене.
Секој пат кога си доаѓам и одам ја чуствувам таа напнатост и нервоза дека ете одам од дома,одам од мојата земја,одам од моите најблиски…тоа е ужасно чуство…И себеси по којзнае кој пат се прашувам: Зошто сето ова мора да е така? Зошто неможам да најдам нешто на ова слично во Мкд..и да не бидам лишен од сето тоа што таму ми фали? Зошто сето ова..кога ете таму работам со врвни стручњаци и работам нешто што во Македонја го нема и не постои,не се применува…Зошто таму сум вреднуван врз основа на моето знаење,а тука не? И најмногу од се..се прашувам До кога сето ова ќе потрае? Ова лудило..и до кога ќе ја бараме нашата среќа и иднина некаде далеку од дома..а ако едно ми е јасно до сега..тоа е вистината за среќата…Вистинската среќа е среќата,и моментите поминати и доживеани со своите најблиски…со оние кои те создале и одгледале,со оние кои си растел,со оние со кои си се дружел..Нема и не постои таква убавина и средина која би била достојна да го замени тоа чуство..секогаш постои во срцето таа празнина која е доволно голема за да сепак бидете несреќни..или пак сето ова е само мое лично чуство?!
27 јанСамо дома си е дома…
Да,драги мои.Дома си е дома.После проблемите кои ги имав тука,депресијата и незадоволството.Конечно си идам дома.О је! И покрај што тука е убаво,се живее поквалитетно работиш и твориш сепак помислата на дома,помислата дека ете за неколку дена ќе се вратиш макар на кратко таму каде што припагаш,таму кај што сум се родил..дома ех..со душа чекам и бројам уште 5 дена и сум дома! буди во мене радост неопислива радост.Никаде неможеш да бидеш толку слободен и исполнет како дома.Барем јас така се чуствувам,а верувајте не мислев на тоа кога тргнав на овој пат.Но по само неколку недели почнав да осеќам дека не е исто како дома,за сите тука ти си странец ти си тугјинец.Но едноставно е тоа,тука имаш други лугје,друга култура,друг јазик..друго се.Иако тука нема снег сепак е на некој начин ладно,ладно за мене.Иако е прекрасно,прекрасна природа прекрасно море,прекрасна шума,прекрасен град,архитектура,историја..прекрасно сонце,нарочито неговиот залез во море да,тоа е волшебно тоа е прекрасно,тоа е момент од кој запира здивот.Но,и покрај тоа тоа сонце не е исто со она нашето,нашето е топло,мило ни дава топлина и љубов.И знаете што,јас сум на некој начин љубоморен на сите Вас што ете сте успеале во својата струка во сопствената држава и успешно работите и творите во сопствената наша мила држава,околу вас се вашите родители кои ви помагаат повеќе или помалку,често ве гледаат,ручате заедно се смеете заедно,се карате,дебатирате…Тука е вашата сестра,брат..па тие ви се најблиски..Тука е вашето детство,вашите пријатели,колеги..љубави..Тука е вашето срце.Среќен е онај кој го има тоа покрај себе.Само не сме доволно свесни се додека не го осетиме спротивното.Верувајте дека нема ништо друго вредно да ве направи посреќни.Залудно и минливо е тоа,барем на некој начин,затоа што вешето срце секогаш ќе ја има онаа празнина,и секогаш барем потсвесно ќе ја чуствувате онаа радост кога ќе пристигнете дома.Кога ќе го слушнете тажниот и со празнина и тага исполнет родителски глас,кога ќе го осетите родителскиот копнеж за вас,кога ќе ги видите насолзените мајчини очи…Нема и не постои море и убавина која е вредна за тоа.Затоа драги мои,будете среќни во својата земја и боретесе да одолеете на странство.Јас не успеав.
25 јанДенот ,,Д,,
Да,драги мои.Денес за мене и за мојата иднина беше еден таков ден,денот ,,Д,, Ден во кој се одлучуваа многу работи,ден во кој некој друг одлучуваше за мене,одлучуваше друг затоа што јас не можев да одлучувам за тоа.Едноставно тоа беше во рацете на некоја си администрација која те третира како стока,како обичен предмет.Така и денес јас завршив..како обична стока.Не го добив тоа што го посакував,а во кое толку многу се надевав,сите мои планови,амбиции и иднина ми зависеше воглавно од таа одлука.Пред околу еден саат ја добив одлуката во рака и од тогаш веќе не сум јас оној истиот,не сум онај оптимистот полн со ентузијазам,со позитивна енергија со полно надеж со полно срце добрина и искреност.Да,драги мои,една одлука толку многу ме стресе што додека пишувам рацете ми се тресат,можеби посакувам да заплачам али неможам,осеќам толку многу бес,толку многу неправда осеќам толку голема тежина на мојот грб и моето срце,толку голем револт..Да во еден ден ти се случи нешто кое ќе ти ги пресече нозете,ќе ти ги одземе рацете и ќе ти ги пресече крилата,крилата што ги имав како млад како амбициозен,како образован,како стручњак..се во вода падна драги мои,во највројатен неповрат.Како сега да започнам нова иднина,како да соберам сила,ентузијазам и храброст за нов живот повторно и повторно од ново? како кога јас бев тој што верува во успехот на еден млад човек кој е чесен и амбициозен? како да поново верувам во остварувањето на сонот? за кој јас бев тој што во претходните постови тврдев дека е остварлив за секого? Невозможно е драги мои,невозможно.. Овој свет знае да биде толку груб кон некого,толку неправеден…а толку многу се трудев и се надевав.Животот не е фер,исполнет со страдање..јебига. Поздрав драги мои,неможам повеќе да ги контролирам моите чуства,али ете сакав да ги поделам со вас драги мои…