Archive for the 'колумни' Category

30 декТутуноберачите

Драги мои,сведоци сме на еден проблем со тутунопроизводителите кој прерасна во инструмент за политичка промоција на опозицијата со власта,сакајќи да профитира од туѓата си мака односно егзистенција.

Минатата година целиот род се откупуваше повеќе или помалку по 200 ден за кг. односно 95% во првата класа.Како цена е солидна но профитираа и тие чии што тутун реално небеше за таа цена,по квалитет и обработка на тутунот.Таа цена ја постигна најверојатно заради тоа што побарувачката на тутунот беше одлична па неколкуте комбинати си створија конкуренција и сите се бореа за да откупат што повеќе количина на тутун.

За да не се повтори истото оваа година,тутун. комбинати се договориле на неформален состанок да откупуваат по пониски критериуми и така да им го земат за помалку пари тутунот на тутунопроизводителите. Секако тоа е само една од можните причини поради која цената оваа година е незадоволителна.Другата причина која се зборува тука меѓу народот е дека опозицијата преку контролирањето на тутун. комбинати влијаела на нив да додјде до ова за да кај народот (кој не е малку)  се појави незадоволство..протести…и на тој начин опозицијата да профитира со гласови.

Третата причина е позицијата со интерен договор има ќар од ваквата состојба.

Која е вистинската причина незнам,но чисто сакам да фрлам поглед на случуваањата.не сум активист на ниедна партија но мојата подалечна фамилија егзистира од тутун така да индиректно сум запознаен со целиот процес..

Она што најмногу ми смета е незадоволните а вредни тутунари кои се користат како предмет за пресметки,нагодби,поени… а јадните луѓе..од ова им зависи егзистенцијата..што ги доведува во незавидна положба.Утре ќе има протест..де факто..го организира опозицијата..зошто? За да собира политички поени? За да ги злоупотреби вредните тутунари? Безобразно! Кој оди на протест…воглавно членството на сдсм,плус луѓе кои имаат нужда..мака да отидат таму.Но нели може да се организира протест..али навистина..без партиски предзнак,без политичка асистенција..без зулуми..него да се искаже револтот,земјоделскиот,тутунскиот револт..поради овај или оној проблем..зошто да се напаѓа еден а да се воздигнува друг? Тука имаме проблем којшто треба да се реши..во интерес на вредните тутунари..кои од рано утро им се поклонуваат на грутките…тие и нивните малолетни деца..па тоа е тешко драги мои..откако знам за себе им се поклонувам и јас….сега веќе не..но уште понекогаш ми доаѓа горчливиот вкус на храната вкусена во оброците во текот на работата..да тутнопроизводството е тешко…но производот е вреден,производот се бара..производот скапо се продава надвор..од производот имаме солиден девизен прилив..сето тоа стои.

Ми смета политичката конотација на проблемот,ми смета да се буни опозицијата..која ама баш никогаш не им дала ништо нарочито на земјоделците,ми смета подмолното обвинување на некојси..само и само да се земат политички поени од вредните тутунари..па нив не ги интересира политика..нив тоа не им треба..опростете му на луѓето кои ги даваат на телевизија и се гневни.. гневни затоа што се излажани,изманипулирани..а резултат на тоа е беден живот..тежок живот.Да се разбериме..и да им се плати по 200 денари,верувајте..ке живеат подобро..но нема да излезат од калта…повторно ќе бидат тутунари,повторно ќе им се поклонуваат на грутките…само што ете ќе живнат малку..но нели..вредни се и заслужуваат..никој од нив нема да купи мерцедес со тоа..никој нема да оди на шопинг во Солун…тие парите ќе ги потрошат тука..за нивните деца,за нивните животи…

На крај вредно е да се напомени дека оваа влада е прва која го субвенционира тутунопроизводството и им дава по 60 ден за килограм тутун што добар стимул за производителите,тоа несмее да се заборави,тоа несмее да се занемари..

И посакувам на владата да го реши овој проблем достоинствено и сигурно и јавно да ги покажи виновниците за ова,искрено се надевам дека таа не е директниот виновник и дека сепак на крај тутунарите ќе бидат оние кои ќе бидат задоволни..тие и најмногу го заслужуваат тоа…

Во продолжение ќе го објавам текстот на песната Тутуноберачите од Коста Рацин за да на некој начин им го доловам тутунопроизводството на оние кои незнаат како тоа изгледа…а и сите да се потсетиме кого злоупотребуваме за политичките ни поени!

Тутуноберачите

На кантар студен со туч го мерат
а можат ли да го измерат,
нашиот тутун – нашава мака
нашава солена пот!

Од темни зори на утрини летни
до никоја доба на вечери зимни
тој гладно пие тагата наша
и потта и крвта и снагата ни.
Жолт – жолти прави лицата бледни
и жолта гостинка у градите носи.
По утрини росни, по мугрите пресни,
наведени ничкум по полињата родни
зачмаени ние го береме.

Лист по лист кини
лист по лист нижи
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди
и на долга низа од капки пот
и надеж со клетва и зелена јад,
со коров поглед на очите матни
по кревките лисја жолтозлатни
прикаса горка на живот клет
нанижи безгласна а така јасна.

Та не знаеш ли?

Денот ли дојде тој да се мери –
мерка му нема, а в градите длаби
без да се запре, без дно да најде
не тага а клетва, и в очи матни
и не сакајќи сама се дига фуријата.

Кантарот носи лисјето златно
а в гради луто далгите беснат
на жолтата мака – на жолтиот тутун
на жолтата пот на рацете ни!

Коста Солев Рацин

18 февКосово

Да,драги мои еве и по долгото натегање Косово сепак ја прогласи својата независност.Еуфорија и прослава на една страна,фрустрираност на друга.Со тоа уште еднаш се докажа дека ООН воопшто нема моќ ниту да ги спроведе сопствените резолуции.А кога ООН е немоќен тогаш и покрај неговото постоење меѓународното право е загрозено и секој кој има сила нешто да спроведе тоа и го спроведува без оглед на тоа дали е во право или не.Значи и покрај се ООН очигледно го губи својот авторитет а со тоа и самата смисла на неговото постоење.Ако е тој создаден (меѓу другото ) да го чува меѓународното право и да ги штити слабите и онеправданите држави и народи по светот вчера го доживееја ми се чини најголемиот пораз.
Сето ова и најмногу ме загрижува,затоа што еве и ние сме мала и слаба држава со доста нерешени спорови и внатрешни проблеми и непочитувањето на меѓународното право и постоечките граници од страна на голем број држави во светот може да има и тоа какви последици по нашата држава,ми се чини дека сега и после ова се е веќе возможно,секое сценарио е сега легитимна остварлива цел.
Косово е тек на почеток на својата разврска и тие ќе се соочат со доста проблеми,србите никогаш нема да подпаднат под нивна власт и нема да ги почитуваат косовските институции како легитимни.Косоварите сакале или мораат тоа да го голтнат затоа што се зависни на некој начин од Србија,доволно се патиштата и енергетската зависност од Србија.
Македонија повторно е пред голем предизвик,под притисок на албанците тука ние сакале или не во скоро време ќе го признаеме Косово,после кое ќе следува какви такви санкции од Србија и Русија спрема нас.И покрај тоа што ќе го признаеме Косово,ќе има дадеме пензии на борците од Она.Албанскиот ќе биде втор службен јазик,Албанците ќе продолжат со нивните барања и закани дека ако тоа и тоа не има се исполни дека ќе излезат од владата,дека ќе бидат радикални,дека нема да ги почитуваат институциите и сл. а тоа сега ќе го прават уште поагресивно поттикнати од сето ова на Косово.Тие никогаш не ја почитувале Македонија како нивна држава и ми се чини дека тоа никогаш нема ни да биде,Тие цело време бараат дезинтеграција во нивните барања за интеграција! Да учат во посебни школи,универзитети..да глумат во посебен театар..сето тоа е дезинтеграција,едноставно ние младите немаме допир,немаме контакт со нив а сакаме да живееме заедно?!.Во сета оваа ситуација ние сме заложници на нивните барања и подршката на истите од меѓународната заедница.Македонија е во многу многу тешка позиција,сега кога е загрозено меѓународното право немаме основа врз која ќе ги браниме нашите ставови.Што и како во иднина незнам,незнам и дали и колку сме моќни и да задржиме некој цврст став.Можеби влезот во НАТО ќе ни ја подоби позицијата,али тоа е веќе друга приказна.